Битиќи: Реформите кои ќе ги направиме во пристапниот процес кон ЕУ ги правиме за нас и нашите деца

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се обрати на конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“, поддржана од Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE) имплементиран од Институтот за демократија.

На почетокот на своето обраќање вицепремиерот Битиќи се осврна на важноста на процесот кој го започнавме во пристапните преговори со Европската Унија, потенцирајќи на важноста за јасен консензус и потребата од голема инклузивност, како за целиот процес така и за нашите државни цели и придобивки од него.

„Целиот овој процес го правиме за себе, на ова веројатно низ него ќе треба да се потсетуваме, бидејќи на моменти бирократскиот јазик, обемноста, притисокот за промена, како и европските институции кои за истата ќе нé држат отчетни, можеби на моменти ќе ја поматат јасноста на тоа за кого сето ова го правиме. Сите реформи кои ни следат треба да ги спроведеме и истите да ги следи и промена на навиките и свеста“, истакна Битиќи.

Поздравувајќи ја работата на Институтот за демократија во делот на приближување на земјата кон Европската Унија.

„Војната во Украина го насочи фокусот на Унијата на политики со кои треба да се обезбеди безбедно и непречено функционирање на економијата и тука механизмот за скрининг на директните странски инвестиции или FDI Screening Mechanism е од особено значење, поради тоа оваа регулатива е дел и од стратешкиот дијалог со САД.

Станува збор за хоризонтална активност која опфаќа и се протега со надлежност на повеќе министерства, истовремено претставува и усогласување со ЕУ законодавството, ќе бара и хоризонтално владино покривање, секако и соработка со коморите, граѓанскиот сектор и останатите стејкхолдери.

Северна Македонија може да биде пионер во регионот во воспоставување и имплементација на овој механизам и тоа е предизвик кој треба да го прифатиме“, рече Битиќи.