![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/10/eyj5h-750x430.webp)
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју објавено денеска го повика НАТО „да покаже дека не се плаши од Русија“.
„Мојата клучна порака до НАТО е – не треба да се плашите од никого“, рече тој.
Тој истакна дека „важно е да се договорат безбедносни гаранции за целиот свет, така што никој не ни помислува да стане автократ, па дури и да е автократ, да не ни помисли дека може да освои туѓи територии“.
„За тоа е потребно единство. Мислам дека без Украина, алијансата не е толку силна, особено не на европскиот континент. Мислам дека (влезот на Украина во НАТО,) е важен чекор за силата на алијанса во Источна Европа. На НАТО му ја нудиме таа шанса и благодарни сме за неговата поддршка“, рече Зеленски и го повика НАТО „да покаже решителност“.
„Не само Украина мора да ја покаже својата сила на Русија, туку и НАТО мора да го направи тоа, мора да покаже дека не се плаши од Русија. Знам дека сите разбираат дека безбедносните гаранции се нешто што и треба на Украина. Мислам дека сме на тој пат , ние дефинитивно сакаме да одиме на тој начин. За жал, колку брзо ќе оди не зависи само од Украина“, рече тој.