Украина објавува нови мапи од големата офанзива

Украинските сили напредуваат на исток и југ, принудувајќи ги руските трупи да се повлечат.

Претседателот Володимир Зеленскиј рече дека украинската војска постигнала голем и брз напредок против руските сили во изминатата недела, заземајќи повторно десетици градови во регионите на југ и исток што Русија ги прогласи за анектирани.

Воени експерти велат дека Русија е „на најслабата точка“, делумно поради одлуката да не се мобилизира порано, а делумно поради огромните загуби на војници и опрема.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека неговите војници „продолжуваат да напредуваат“ во есенската офанзива.

„Додека рускиот парламент е опиен со залудни обиди за анексија, нашите војници продолжуваат да напредуваат“, објави тој на Твитер.

„Ова е најдобриот одговор на сите „референдуми“, „декрети“, „договори“ и патетични говори – вели тој.