Пајакот поскапе и чини 3.500 денари

„Пајакот“ во акција во центарот на Скопје. Тие во придружба на припадници на МВР ловат непрописно паркирани возила. За непрописно паркирање покрај казната од полицијата, сега ќе плаќаат повеќе и за превоз.

Пајакот само штом донесе еден автомобил, всушност секој ден по 25 возила од општина Центар се носат овде на овој паркинг. Отсега ќе се плаќа 3.500 денари, практично 1.000 денари повеќе од вообичаеното, бидејќи ЈП „Паркинг на општина Центар“ ја покачи цената поради како што велат, зголемени трошоци.

Во „Буњаковец“ поскапе паркирањето, за 10 денари по час, и сега чини од 60 на 70 денари. Игор Стојановски, одговорен за паркинзи Центар, вели дека за еден месец пајак службата казнува околу 500 автомобили.

Од општина Центар велат дека се потребни 3 илјади паркинг места за потребите на жителите .

Десетици автомобили со години стојат на паркингот на општина Центар. Нивните сопственици се откажаа од возилата, оценувајќи дека ќе биде поскапо да ја платат казната.