Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
На средбата беше разговарано за можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за актуелните предизвици од енергетската криза со која се соочува Европа.Претседателот Пендаровски и претседателот Радев се заложија за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес.
Двајцата претседатели разменија информации околу состојбата со енергетската криза и справувањето со неа. На средбата беа разменети мислења околу можностите за набавка на електрична енергија од Република Бугарија, со почитување на европската регулатива.