Илон Маск претстави хуманоиден робот: Може да наводнува цвеќиња и да носи кутии

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, промовираше прототип на хуманоидниот робот „Optimus“, предвидувајќи дека производителот на електрични возила ќе може да произведе милиони примероци и да ги продаде за помалку од 20.000 долари.

Маск истакна дека очекува компанијата да биде подготвена да прима нарачки за Optimus за три до пет години.

Прототипот на моделот за кој Тесла рече дека го развил во февруари излезе да ги поздрави насобраните луѓе со мафнување на раката , со видео на кое се гледа како прави едноставни задачи како што се наводнување растенија и носење кутии.