Од утре законски ќе мора да се пушти парното ако температурите паднат до 12 степени

Нема информации до каде се преговорите со Србија, која чека дозвола од руски Гаспром, а во меѓувреме директорот на ЕСМ Ковачевски, го повика лидерто на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, да им пренесе на контактите што ги имал, а според кои ќе се обезбеди енергенси по многу пониски цени, да достават понуди до крајниот рок..

Мицкоски денеска кажа дека досега никој од власта не го повикал да го претстави планот и да ги каже контактите, но рече дека се уште е отворен за соработка.. Во министерството за економија, во кое вчера го упати премиерот од собраниската говорница, исто така не бил.

Досега е пзонато само дека владата одвои 18 милиони евра за ЕСМ да купува енергенски со кои ќе ја почне грејната сезона во Скопје.. Според законот доколку од утре макар еден ден дневните просечни температури паднат на 12 степени или пониско, радијаторите ќе мора да почнат да греат.

Освен што не се знае од каде и по која цена ќе се набават енергенските, се уште не се решени ниту проблемите помеѓу ТЕ-ТО, АДОРА и ЕСМ.

И ТЕ-ТО и АДОРА се изјаснија дека се подготвени да ги дадат под закуп топланите доколку им се подмират парите кои им се должат од минатата сезона. Но, официјални договори нема.