Александар Лукашенко – претедателот на Белорусија вели дека неговата земја била и ќе биде заедно со Русија.
„Не треба да нè обвинувате за коагресија или нешто друго. Ние бевме, сме и ќе бидеме заедно со нашата Русија. Нашата унија со Русија е посилна од онаа на НАТО-блокот. Што друго очекувате од нас? Сепак, ние велиме дека нема да се бориме во Украина. Да соработуваме мирно“ – рече Лукашенко, пренесе ТАСС.
Според негово мислење, Украина не може да ја обвини Белорусија за ништо.
„Ние не го започнавме конфликтот со Украина. Тие го затворија својот воздушен простор за нашите авиони и објавија економска блокада на Белорусија пред западните земји и САД (го направија истото)“, рече тој.
Шефот на државата повтори дека три рунди разговори меѓу Русија и Украина се одржани на белоруска територија.
„Зошто беа прекинати преговорите, кој ги прекина? Тоа е реторичко прашање“, рече Лукашенко.