Црна Гора остро го осудува секој обид за присвојување делови од територијата на украинската држава, изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
„Организирањето на таканаречените референдуми на дел од територијата на суверена држава, под притисок и за време на воен конфликт, е неприфатливо, како и таканаречените резултати од таквите незаконски дејствија“ – напиша Ѓукановиќ на Твитер.
Постојаната членка на Советот за безбедност, додаде тој, продолжува да го крши меѓународното право.
„Цврсто стоиме на Украина, на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет“ – нагласи Ѓукановиќ.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии.
Станува збор за украинските територии кои се под контрола на Русија и каде неодамна се одржа референдум за приклучување кон Русија.