Продолжува потрагата по возачот од возилото кое излета во река Вардар, на 27 овој месец, кај тетовско Желино.
Од 9 часот на терен се 50 припадници од АРМ Тетово кои и денеска ќе вршат копнено пребарување.
Од полициската станица Желино, пак, на терен се 8 лица, од Полициска станица Јегуновце исто така на терен се 8 лица, Полициска станица Тетово се со 4 лица, информираат од Центарот за управување со кризи – Тетово.
Од таму додаваат дека се очекуваат да пристагнат и нуркачи од Охрид, но дополнително и од Специјалната единица CAE-Тигри ќе пристигнат нуркачи.
8 лица од ДЗС Тетово и 8 лица од ДЗС Куманово ќе вршат копнено пребарување, исто така 4 лица од ДЗС ќе вршат копнено пребарување во Езерото Зелениково и 2 нуркачи од ДЗС ќе вршат пребарување во вода.
Екипа од 6 пожарникари пак, ќе вршат копнено пребарување покрај реката. Екипа од ЕЛС Желино ќе помагаат во потрагата со 20 припадници, соопштија од Центарот за управување со кризи-Тетово.