(Видео) Нејмар се „активира“ политички, повика да се гласа за Болсонаро за претседател
„Гласајте, гласајте и потврдете – Болсонаро“, бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар го поддржа актуелниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро три дена пред претседателските избори во земјата.
Напаѓачот на ПСЖ, кој има повеќе од 8 милиони претплатници на TikTok и скоро 180 милиони на Instagram повикува да се гласа за Болсонаро.
Neymar grava vídeo para Jair Bolsonaro agradecendo visita ao Instituto Neymar Jr:
“Queria muito agradecer pela visita ilustre. Queria muito estar junto, mas infelizmente estou longe. Da próxima vez estarei junto.”
🎥 Reprodução pic.twitter.com/iyiNPJoqPQ
— Planeta do Futebol 🌎 (@futebol_info) September 28, 2022
Актуелниот шеф на државата пред еден месец објави фотографија со топка што му ја подари Нејмар.
Иако има 11 кандидати, најголеми шанси да го добијат претседателскиот мандат имаат поранешниот левичарски претседател Лула да Силва и сегашниот екстремно десничар Болсонаро.
Лула, кој го водеше Бразил од 2003 до 2010 година, беше осуден во истрагата која испрати десетици политичари и бизнисмени во затвор поради поткуп. Подоцна, пресудите на Лула беа поништени, што му овозможи повторно да се кандидира на претседателските избори.
Болсонаро ја води земјата од јануари 2019 година.