Ураганот Ијан зајакна и денеска се приближува до брегот на Јужна Каролина, објави Националниот центар за урагани (НХЦ). Ураганот сега е оддалечен околу 540 километри од Кејп Феар, Северна Каролина, а ветровите дуваат со брзина од 120 километри на час.
„Ијан може малку да зајакне пред да стигне до копното, по што се прогнозира брзо слабеење над југоисточниот дел на САД од петок до сабота“ – се додава во извештајот на центарот.
Absolutely heartbreaking footage captured by our surge probe of catastrophic storm surge washing away homes. I have never seen anything like this. We have now left the area as hoards of emergency crew have arrived. #HurricaneIan
FULL VIDEO – https://t.co/DOJJn2VThV pic.twitter.com/iPBUyVKw4s
— Max Olson (@MesoMax919) September 29, 2022
Се очекува Ијан да стигне на копно околу 14 часот по локално време во петок, северно од Чарлстон. Издадено е предупредување за ураган за крајбрежната област долга околу 370 километри, од границата на Јужна Каролина и Џорџија сè до Кејп Феар во Северна Каролина.
Ураганот Иан ја погоди Флорида во средата попладне како ураган од четврта категорија, со максимални ветрови од 150 милји на час.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека ураганот Ијан може да биде „најсмртоносниот“ ураган во историјата на Флорида.
„Сè уште не се познати точните бројки, но според првите извештаи што ги слушнавме, бројот на жртвите може да биде значителен“- рече Бајден.