Здравствените работници во Калифорнија ќе мора да бидат ревакцинираат против Ковид 19 и тоа најдоцна до 1. февруари ако сакаат да не останат без работните места, изјави гувернерот – Гевин Њусом. Тој на прес-конференција во една клиника во Оукленд даде повеќе детали за задолжителната ревакцинација.
Калифорнија е првата држава која ги обврза здравствените работници да се вакцинираат. Обврската важи од септември годинава. Поради тоа, илјадници луѓе останаа без работа или беа суспендирани.