„Разочаран сум од тоа што Путин му го направи на украинскиот народ, но и од молкот на многу земји“

„Разочараност за постапките на претседателот на Русија Владимир Путин, но и за молкот од многу земји за руската агресија врз Украина“ изрази поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

„Додека бев генерален секретар, многупати се сретнав со Путин, но длабоко, длабоко сум разочаран за тоа што му го направи на украинскиот народ. Неговата илегална агресија на Украина би требало да биде осудена на најсилен можен начин“ – рече Ки-мун и додаде дека заедно со поранешниот претседател на Колумбија ја посетил Украина минатиот месец.

Тој изрази разочарување и од молкот од многу земји во светот, велејќи дека „освен Америка, Европа и некои земји од Азија, како Јапонија и Јужна Кореа, многу други земји од Африка, Латинска Америка, Блискиот Исток молчат“.