Во текот на следните два дена (29-30.09.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со висока делегација од Министерството за внатрешни работи е во посета на Хаг, Кралство Холандија, седиштето на ЕВРОПОЛ, при што ќе оствари средба со Извршната директорка на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, по што ќе присуствува на презентации од страна на експерти од Европол за работата на Оперативните центри во Европол, како и посета на бирото на Република Северна Македонија во Европол.
Истиот ден, министерот Спасовски ќе оствари билатерална средба со Заменик генералниот директор за управување со меѓународна миграција во Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, Еуке Фабер, и ќе се сретне со почесниот конзул на Република Северна Македонија во Кралството Холандија, Бено Фридберг.
Во текот на следните два дена, заедно со висока делегација од МВР ќе остварам работна посета на Хаг, Кралство Холандија, седиштето на ЕВРОПОЛ, при што ќе остварам средба со Извршната директорка на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Притоа, додава Спасовски, ќе присуствуваме на презентации од страна на експерти од Европол за работата на Оперативните центри во Европол, а ќе оствариме и посета на бирото на Македонија во Европол.
– Исто така, ќе остварам билатерална средба со заменик генералниот директор за управување со меѓународна миграција во Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, Еуке Фабер, а ќе се сретнам и со почесниот конзул на РС Македонија во Кралството Холандија, Бено Фридберг. Продолжуваме со меѓународната агенда на МВР 2022/2023, а во насока на интензивирање на меѓународната полициска соработка, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.