Европската унија верува дека истекувањето од двата подморски гасоводи Русија – Германија оваа недела „не се случајност“ и има индикации дека тие биле „намерен чин“, изјави денеска шефот за надворешна политика на Унијата, Жозеп Борел.
Изразувајќи „длабока загриженост“ за протекувањето на Северен тек 1 и 2 и повикувајќи на истрага, Борел рече дека „сите достапни информации укажуваат дека тие истекувања се резултат на намерен чин“.
Изјавите на Борел дојдоа откако сеизмолозите од Шведска и Данска соопштија дека забележале силни експлозии во областите во близина каде што биле пронајдени докази за истекување од гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, што ја поттикна шведската полиција да започне истрага за можна саботажа.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки укажува на руската вмешаност.
„Јасно е дека станува збор за саботажа, која најверојатно ја најавува следната фаза на ескалација на ситуацијата во Украина“, рече Моравјецки, кој вчера го отвори гасоводот што ги поврзува Норвешка и Полска.