Роналдо пак ја фрли капитенската лента на Португалија
Португалските фудбалски репрезентативци синоќа во 88 минута беа изненадени од Шпанија, домашен пораз со 1:0 во Брага и пропуштија да се пласираат на Ф4 во Лигата на нации.
Со тоа Шпанија им се приклучи на Хрватска, Холандија и на Италија на завршниот турнир во јуни 2023 година.
Уште една фрустрирачка вечер за Кристијано Роналдо, кој пропушти неколку добри шанси, па на крајот од натпреварот повторно ја фрли капитенската лента на Португалија.
Тоа предизвика голема бура во јавноста, со оглед дека го направи истото и во март 2021 година на ремито во Белград меѓу Србија и Португалија (2:2) во квалификациите за ЕП.
Ronaldo has lost his powers and its pretty acceptable at the age of 37.
We have to accept he's not the same guy anymore but for all those amazing moments he gave us during his prime years, we must not leave him alone during his last years. ❤ pic.twitter.com/4Ox2cHshDm
— FootballFunnys (@FootballFunnnys) September 27, 2022