Претседателот на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ смета дека е време за нови избори за Црна Гора „да добие политички одговорна, компетентна влада“.
Ѓукановиќ во Плевља, говорејќи на церемонијата на Младинскиот совет на ДПС во тој град, рече дека оваа влада, која повторно ќе ја состава неговата партија, „ќе продолжи да ја води Црна Гора преку градење граѓанска држава, подобрување на меѓуетничките и меѓуверските односи и достигнувајќи ги европските вредносни системи“.
„Од избори бегаат само оние кои се убедени дека ќе загубат“ – рече Ѓукановиќ.
Долговечниот црногорски политичар деновиве предизвика нова политичка криза во земјата, одбивајќи го предлогот на парламентарното мнозинство за нов премиер да биде избран поранешниот дипломат Миодраг Лекиќ.