Швајцарија ќе уништи 10,3 милиони дози од вакцината против коронавирусот на Модерна, бидејќи им истекол рокот, соопшти швајцарското Министерство за здравство.
Вредноста на вакцините што ќе се уништат е околу 294 милиони евра.
Министерството за здравство на Швајцарија информира дека 2,5 милиони дози од вакцината сè уште се чуваат во воената логистичка база, а 7,8 милиони се чуваат во магацин во Белгија. Швајцарија има 8,7 милиони жители.
Во Швајцарија од почетокот на пандемијата починаа 13.556 луѓе, а речиси 70 отсто од населението е вакцинирано.