„Министерството за земјоделство водостопанство и шумарство премолчи и пак не кажа колкав дел од архивата е достапен после наводниот хакерски напад. Министерството и министерот Љупчо Николовски молчат и кријат дека проблемот е далеку поголем. Тие не демантираа дека се недостапни голем дел од документите од архивата, како на пример електронски податоци од фарм регистарот, регистри за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, вклучително и листа на должници. Ова се важни документи, за кои Министерството не кажува дали се зачувани или изгубени во целост или делумно“ соопштија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата појаснуваат дека „нејасните и нецелосни одговори на министерството отвораат сомнежи и прашања. Дали наводниот сајбер напад трајно уништил документи и податоци? Колкава штета ќе имаат земјоделците од ваквата хаварија? Дали од ваквата хаварија некој има ќар бидејќи на тој начин се прикривани злоупотреби и криминали?“
„Антимакедонската СДС се што фати запусти. Тоа мора да престане. За сите дубари на власта на СДС мора да има одговорност“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.