Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на руските граѓани, рече дека нивниот претседател Владимир Путин свесно испраќа „граѓани во смрт“.
Освен тоа, им кажал што ќе биде со оние што се предале.
„Руските власти одлично знаат дека ги испраќаат своите граѓани во смрт“ – рече Зеленски на руски и ги повика руските сили во Украина да се предадат.
„Ќе бидете третирани на цивилизиран начин. Никој нема да ги знае околностите на вашето предавање“ – рече Зеленски неколку часа откако Русија усвои закон со кој се заоструваат казните за дезертерство.
Како што соопшти Кремљ претходно, Путин потпишал и закон со кој се олеснува пристапот до руско државјанство за странците кои ќе се пријават за период од најмалку една година во армијата.