Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека се согласува со премиерот на Косово, Албин Курти, Србија да се извини за злосторствата и да ја признае независноста на Косово.
„Мислам дека признавањето и барањето прошка е крај на процесот“ – рече Рама, според приштинскиот портал „Косово онлајн“.
Тој истакна дека со Курти има многу добри односи, односно дека има добра и пријателска комуникација со него, што значи дека многу разговараат за различни теми и разменуваат мислења поврзани со различни политички филозофии.
„Комуникацијата е навистина слатка, братска, пријателска. Така треба да биде, многу граѓански и пријателски однос. Не мора да се согласуваме за се. Не се согласуваме за пристапот кон Србија, за тоа како Србија треба да ја признае независноста и барајте прошка, не се согласуваме за „Отворен Балкан“, но тоа не не спречува да се договориме за многу други работи“ – рече Рама.