Рекордни депозити од речиси пет милијарди евра во косовските банки
Министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати објави дека нивото на влогови во банкарскиот систем на Косово, на крајот од јули годинава, достигна до рекордни 4,88 милијарди евра.
На неговата страница на Фејсбук, Мурати напиша дека високиот пораст на депозитите на граѓаните во банките се должи првенствено на големиот прилив на иселеници кои го посетија Косово во текот на летната сезона.
– Се забележува извонредниот придонес на нашето иселеништво во јули, тогаш кога почнува нивното масовно доаѓање во татковината, при што банкарските депозити забележаа рекордно ниво. На крајот на јули, нивото на влогови во валутата евро изнесуваше 4,88 милијарди евра, напиша Мурати.