Црногорскиот претседател – Мило Ѓукановиќ изјави дека не сака да прејудицира што ќе прави доколку Собранието на Црна Гора не го скрати својот мандат на 30 септември, но изјави дека неговиот потег ќе биде во согласност со Уставот.
„На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика“ изјави Ѓукановиќ за новинарите во Будва каде учествува на конференцијата на Американско-јадранската повелба (А5), пренесува „Вијести“.
На прашањето дали поради тоа што нема комплетен Уставен суд не можат да се одржат локални избори, Ѓукановиќ рече дека локалните избори ќе се одржат на 23. октомври.
Тој на 20 септември и испрати на претседателката на Собранието предлог за скратување на мандатот на Парламентот, истовремено соопштувајќи дека го отфрлил предлогот на старото парламентарно мнозинство да го прифати Миодраг Лекиќ за мандатар на новата влада.