Албанското обвинителство почна истрага за хакерските напади

Обвинителството на Тирана почна истрага околу кибер нападите врз државните онлајн системи на Албанија, соопштувајќи дека во повеќе земји е побарана правна помош во врска со истрагите.

Објавените податоци, класифицирани полициски информации и податоци или информации и податоци добиени од доверливи партнери, информации за кривична постапка и слично, Обвинителството ги смета како доказ кој има директна врска со кривични дела во истрага и како дејствија кои сериозно влијаат на дејноста на државните институции како и на националната безбедност или односите меѓу граѓаните.

Според обвинителството, објавувањето на овие тајни податоци не само што ја нарушува приватноста на секој поединец, ја нарушува националната безбедност на Република Албанија, туку е и строга тајна во рамките на истрагите што ги презема обвинителството.

Додаава дека одлучило да забрани објавување во медиумите на какви било податоци, кои ги објавија авторите на кибер нападите. Во случај на прекршување на оваа одлука, против медиумите кои не ја почитуваат истата ќе биде поведена кривичната постапка.

Посочува дека истрагите во врска со овие случаи се сложени и се во тек, со што се „гарантира дека албанското обвинителство е максимално ангажирано и ќе спроведе секакво истражно дејствие со цел целосно расветлување на оваа криминална активност”.