„Димитар Ковачевски не само што е дезертер, туку е и лажов. Тоа се докажа со неговите контрадикторни изјави во кои еднаш вели дека воениот рок не го служал заради школувањето, а вторпат дека имал последователни хируршки зафати. Кога лажеше Ковачевски, тогаш или сега или и тогаш и сега? На лагата и се кратки нозете, а дезертерот КОвачевски е најдобар доказ за тоа“ велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата со став дека „еден факт е непобитен, а тоа е дека Ковачевски избегнал служење на воениот рок во 2001 година со медицинска белешка дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН“.
„Трајно неспособниот Ковачевски не можел да отслужи воен рок, ама прв е да се нареди за вршење на функција. Додека илјадници семејства ги испраќаа своите браќа, сопрузи, татковци на воена линија, Ковачевски како татино синче трчкал медицински потврди само и само да не служи војска. И веројатно играјќи на најсигурната варијанта станал ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со тапија“ стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.