Маск: Роботот Optimus може да се користи во домаќинствата
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, планира на 30 септември да претстави прототип на хуманоиден робот Optimus.
Според Ројтерс, хуманоидните роботи на Тесла првично ќе се користат во производството и логистиката за досадна и повторувачка работа за да се реши недостигот на работна сила.
Маск очекува дека роботот би можел да се користи во домаќинствата, па дури и да стане „пријател“.