Турскиот претседател Таип Ердоган изјави за PBS дека Владимир Путин е подготвен да разговара.
„Бевме заедно во Узбекистан, имавме долги разговори. Тој покажа знаци дека е подготвен ова да заврши што поскоро. Тоа беше мојот впечаток“, рече Ердоган, додавајќи дека е договорена размена на 200 затвореници.
Оваа вест доаѓа по големата украинска контраофанзива во која беше ослободен североисточниот дел на земјата.
Ердоган вели дека му рекол на Путин да го врати Крим на неговите вистински сопственици.
„Од 2014 година разговараме со мојот драг пријател Путин за ова и го побаравме тоа. Побаравме Крим да им се врати на вистинските сопственици. Тие се и наши потомци кои живеат таму“, рече Ердоган, додавајќи дека не чекор во таа насока никогаш не беше направен.
На прашањето како треба да изгледа крајот на војната во Украина, Ердоган рече дека земјата што ја освоија Русите мора да му се врати на Киев.