ТАСС наведува дека Јавната комора на Луганската Народна Република го повикала лидерот на самопрогласената република Леонид Песечник веднаш да распише референдум за придружување кон Русија.
Според Јавната комора на ЛНР, „придружувањето на републиката кон Русија ќе ѝ осигури безбедност и ќе отвори нови можности за оживување по конфликтите“.
„Мислиме дека е крајно време да се донесе цврста одлука за итно одржување референдум во Луганската Народна Република. Уверени сме дека иницијативата ќе ја поддржи народот на републиката и дека нејзиното приклучување кон Русија ќе биде триумф на историската правда. Тоа и ќе ја осигури безбедноста на републиката, ќе отвори нови можности на патот кон оживување и обнова на силата на нашата земја и враќањето на мирниот живот“, наведе Јавната комора на ЛПР.
Граѓанската комора на самопрогласената Народна Република Доњецк побара од лидерот на републиката Денис Пушилин и народниот парламент итно да распишат референдум за пристапување кон Русија.
„Сакаме руската граница да биде меѓу нас и Украина. Сакаме повторно да станеме дел од една голема татковина – Русија. Народот на Донбас го заслужува тоа. Во согласност со тоа, барам од лидерот на републиката и народниот совет на ДНР веднаш да ја донесат соодветната историска одлука за одржување референдум“, порача шефот на граѓанската комора Алексеј Кофман, пренесува ТАСС