Абазовиќ: Бајден може да го спаси Западен Балкан од руско и кинеско влијание

Премиерот на Владата на Црна Гора во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) се најважниот надворешнополитички партнер на Подгорица, како и дека американскиот претседател Џо Бајден може да го спаси Западен Балкан од потпаѓајќи под руско и кинеско влијание.

Тој рече дека корупцијата е генератор на национализам, објавија денеска подгоричките медиуми.

„Мојата порака до Бајден е едноставна. Претседателот Бајден треба да користи извршни наредби за да ги санкционира луѓето вклучени во корупција на високо ниво во Западен Балкан. Тоа е најдобриот и наједноставниот начин претседателот Бајден да го спаси Западен Балкан“, рече Абазовиќ.

Како што додаде, доколку регионот тргне во насока на национализам и конфликт, ќе стане лесна мета за странско влијание.

„Без разлика дали се работи за руско или кинеско влијание, ако Бајден мисли дека треба да се спречи странското влијание, тој мора да ги санкционира луѓето“. Тоа би било доволно да ги запре политичките актери кои ја водат Црна Гора и регионот по тој пат“, рече тој.