Претседателот на САД, Џо Бајден во интервју за „Си-Би-Ес“ вели дека пандемијата на Ковид-19 е завршена.
„Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид. Ако погледнете, никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма. Работите се менуваат и мислам дека тоа е совршен пример“ – рече тој.
Според податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во светот се регистрирани речиси 612 милиони случаи на Ковид 19, а починале повеќе од 6,5 милиони луѓе.
Во САД имаше повеќе од 95 милиони случаи на Ковид-19, а повеќе од 1 милион луѓе починаа.
Просечно 390 луѓе сè уште умираат во САД секој ден од компликации откако биле позитивни на коронавирусот.