Путин со порака до Европа: Ако сакате гас, само притиснете го копчето!

Рускиот претседател Владимир Путин негира дека Руската Федерациј аима врска со енергетската криза во Европа. Според него, ако Европската унија сака повеќе гас, треба да ги укине санкциите што го спречуваат отворањето на гасоводот Северен тек 2, пренесува „Ројтерс“.

Во Узбекистан Путин рече дека Русија ќе ги исполни своите енергетски обврски.

„Заклучокот е, ако имате желба, ако ви е толку тешко, само укинете ги санкциите за Северен тек 2, што е 55 милијарди кубни метри гас годишно. Само притиснете го копчето и сè ќе оди“ – рече тој.

Северен тек 2, кој лежи на дното на Балтичкото Море речиси паралелно со Северен тек 1, беше изграден пред една година, но Германија одлучи да не продолжи со него само неколку дена пред Русија да испрати свои војници во Украина на 24. февруари.