Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека на некого може да му се чини дека по серијата победи на вооружените сили на Украина, дошло до одредено затишје, но дека ова е подготовка, бидејќи, како што истакна, цела Украина мора да биде слободна.
Зеленски во видео порака рече дека украинските сили ги ослободиле Изум, Балаклеја, Купјанск и Харковската област, но дека ќе бидат ослободени и Маријупол, Мелитопол и Херсон, како и другите делови на Украина под контрола на руските сили, пренесува Укринформ.
„Можеби сега на некои од вас им се чини дека по серијата победи имаме некакво затишје. Но, тоа не е затишје. Тоа е подготовка за следната серија. За следната серија на многу важни зборови за сите нас, што мора да се слушне. Затоа што Украина мора да биде слободна цела“ – рече Зеленски.