Бугарија и Македонија не постигнаа прифатлива цена за струјата
Бугарија и Македонија не успеаја да се договорат за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави „БНР“.
Работна група од Македонија престојуваше во Софија. На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан Муртезани од МЕПСО, како и Виктор Андонов – советник на премиерот Ковачевски.
На средбата не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.
Во текот на претстојната недела повторно ќе има состанок на работните групи за втор обид да се постигне договор за снабдување со електрична енергија.
На 5 септември премиерите на двете земји – Галаб Донев и Димитар Ковачевски се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Северна Македонија.