„Шпицниот градоначалник Мицкоски цела недела молчи, никако да каже која е неговата улога во тендерот од 136 милиони евра“ порачуваат од СДСМ.
„Мицкоски со неговата градоаначалничка Арсовска се скара за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра. Надлежни институции веќе го истражуваат случајот, но зошто мочи Мицкоски? Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани. Заедно и преговараа и за набавка на 100 електрични автобуси во Скопје“ се вели во соопштението од партијата.
Оттаму прашуваат „Дали и оваа зделка пропадна заради провизии, пари и бизнис влијанија на Мицкоски и луѓето околу Мицкоски?“
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фатени живи со рацете во мед и молкот нема да ги спаси“ е ставот на СДСМ.