Најнесреќниот фудбалер во светот, поради повреди пропушти две ЕП и едно СП, сега пак се повреди

Борусија Дортмунд победи против Шалке во дербито на Рур, а натпреварот беше во сенка со новата повреда на капитенот на „милионерите“ – Марко Ројс.

Ројс влезе во дуел со гостинскиот стопер Сеп ван ден Берг. Фудбалерот на Шалке успеа да ја шутне топката пред Ројс, но десетката на Борусија погреши и остана да лежи на тревата. Набрзо следеа многу болни гримаси.

Повредата му се случи на Ројс на само два месеци пред почетокот на Светското првенство во Катар. Неговото неиграње би било огромен удар за „Елф“, но и потврда дека тој е најнесреќниот играч на денешницата.

Имено, тој во досегашниот дел од кариерата пропушти три од пет големи турнири откако беше репрезентативец на Германија. Тој не играше во 2014 година во Бразил, во 2016 година во Франција на ЕУРО, како и лани на ЕУРО затоа што се опоравуваше од повредите.

Настапуваше во 2012 година на ЕУРО и во 2018 година на СП. Како што сега стојат работите, можно е да го пропушти четвртиот голем турнир во кариерата.