Кралот Чарлс III во ненајавена посета на граѓаните кои во ред чекаат да поминат крај ковчегот на Елизабета Втора

Британскиот крал Чарлс Трети ненајавено ги посетил граѓаните кои чекаат во ред да минат покрај ковчегот во кој се наоѓа телото на кралицата Елизабета Втора во Лондон.

Чарлс и неговиот син принцот Вилијам се ракуваа и им се заблагодарија на граѓаните во редот во близина на мостот Ламбет.

Откако стана крал на 8 септември, Чарлс има неколку ненајавени појавувања за да ги посети луѓето кои и оддаваат почит на неговата покојна мајка, која беше суверена во земјата 70 години.

Илјадници луѓе чекаат на ред за да го поминат ковчегот на кралицата изложен во Вестминстерската палата, седиштето на Парламентот, и покрај предупредувањата дека времето на чекање може да биде 16 часа или повеќе.

Ковчегот ќе биде изложен до рано во понеделник кога ќе започне државниот погреб на кралицата во блиската Вестминстерска опатија.