Путин и Ердоган во Узбекистан разговарале за трговијата со стоки во лири и рубљи

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган имаат намера да го соборат американскиот долар како светска резервна валута.

Вчера двајцата во Узбекистан меѓу другото разговарале и за трговијата со стоки во лири, односно во рубљи, наместо во долари.

На прес-конференцијата по самитот во Узбекистан, Путин изјави дека Западот со децении ја развива идејата за соборување на Русија, но никогаш нема да се случи такво нешто.

„Западните земји со децении постојано ја развиваат идејата за уништување на Советскиот Сојуз и Русија, како негово јадро. Тие со децении разработуваат планови за уништување на сегашната Русија. Тие напори, сепак, нема да успеат. Тоа нема да се случи“ – рече Путин.

Според него, руската централна банка веќе ја ставила турската лира на листата на пријателски валути, бидејќи Анкара не воведе санкции кон Москва.

Руските медиуми објавија дека Путин делумно ги потврдил изјавите на нивниот извор, бидејќи по средбата со Ердоган рекол дека 25 отсто од гасот што Турција го увезува ќе се плаќа во рубли.

„Турција е сигурен партнер во транзитот на рускиот гас. „Турски поток“, за разлика од некои други гасоводи, работи многу добро“ – рече Путин.

Турција е во голем економски проблем, бидејќи инфлацијата во таа земја е повисока од 75 проценти.