Министерот за локална самоуправа Горан Милевски се повлекува од функцијата

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски потврди дека идната недела се повлекува од функцијата, а во меѓувреме во партијата ЛДП се водат разговори за негов наследник.

По тригодишно извршување на функцијата, сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, изјавил за „Локално“ Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

„Раздор во партијата не постои“ – тврди тој посочувајќи дека до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни одлуки во партијата.

Според информациите во медиумите најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова.

Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција од Андреј Жерновски кој премина во СДСМ откако му заврши мандатот како градоначалник на Центар.