Албанска забава во Милано – еден убиен, еден повреден, еден уапсен
Уапсен е 34-годишен Албанец синоќа во Милано под сомнение дека убил албански државјанин (23) и ранил друг триесетгодишник, во ногата.
Пукањето и убиството се случиле синоќа во Милано за време на забава.
Според италијанските медиуми, убиецот и жртвите се албански државјани и биле на забава со други сонародници кога дошло до конфликтот.
Потоа, 34-годишникот пукал и убил едно лице, а ранил уште едно лице.
Тој е уапсен, а полицијата истражува како се случила трагедијата.
За време на расправија, која избила за време на забава, нсилникот пукал во 30-годишен маж ранувајќи го во потколеницата.
Присутните го опколиле напаѓачот кој испукал други истрели, од кои едниот го погодил 23-годишното момче кое починал неколку часа подоцна во болница.