Папата Франциск денеска за време на своето редовно обраќање во Рим повика на прекин на сегашната, како што ја нарече, светска војна и ги повика сите страни да се ангажираат за постигнување мир.
На плоштадот Свети Петар, папата упати молитва за маченичките луѓе во Украина, пренесува Ројтерс.
Од почетокот на рускиот напад врз Украина, Папата неколку пати го осуди конфликтот, но не упати отворени критики кон рускиот претседател Владимир Путин.
Во јуни, папата директно ја обвини Русија за експанзионизам и империјализам, а еден месец подоцна, во ексклузивно интервју за Ројтерс, рече дека сака да ги посети Русија и Украина за да промовира мир.