Путин со јасен став: Туризмот треба да е надвор од политиката

Туризмот треба да биде надвор од политиката, но повлекувањето на Русија од Светската туристичка организација (UNWTO) беше разумен чекор, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на состанокот на Државниот комитет за туризам.

Тој, сепак, додаде дека приоритет на Русија е да ја зајакне својата позиција во туристичкиот сектор на меѓународната сцена, пренесува ТАСС.

„Ја напуштивме Светската туристичка организација и тоа беше разумен чекор, но убедени сме дека туризмот треба да биде надвор од политиката и разбираме каква огромна улога игра во градењето партнерства и меѓусебното разбирање меѓу земјите и народите“ – рече претседателот на Русија

Тој побара од Владата да ја проучи можноста за создавање меѓудржавна туристичка организација.

„Имаме доволно партнери и многу од нив се мотивирани да соработуваат“ – рече Путин.