Голема рација во Италија, уапсени се 35 мафијаши
Италијанските власти уапсија 35 лица во серија рации под сомнение дека се членови на мафијата, соопшти денеска полицијата, наведувајќи дека тие се чекори кон апсење на најбараниот бегалец во земјата, пренесува „Ројтерс“.
Во полициското соопштение се наведува дека целта е апсење на шефот на сицилијанската „Коза ностра“ – Матео Месина Денаро, кој е во бегство од 1993 година.
Во рациите, во кои учествуваат и полициски хеликоптери, посебно внимание е насочено кон Трапани, град во западна Сицилија.
Денаро сè уште командува со мафијашката група во областа, нејзино упориште, и покрај неговото долго отсуство, велат од полицијата. Акцијата има за цел да уапси вкупно околу 70 мафијаши.
Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиството на обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борчелини во 1992 година, кои ги гонеа мафијашите.
Тој исто така беше осуден на доживотен затвор за неговата улога во нападите во 1993 година во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.