Министерот за финансии на Косово не дава плати на работници, па го посипаа со брашно

Приврзаници на опозициската Социјалдемократска партија на Косово со герила акција против министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати, кого го обвинуваат дека им објавил војна на работниците. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како двајца активисти го посипуваат Мурати со брашно на паркинг во центарот на Приштина.

Министерот без воопшто да прозбори продолжува кон своето возило.

Мурати одбива да им ги исплати платите за минатиот месец на оние што штрајкуваат, односно се заканува дека тие ќе им бидат намалени за времето поминато во штрајк, поради што образовниот синдикат пред два дена, во четвртокот, поднесе кривична пријава против него.