Ердоган и се закани на Грција: Цената ќе биде висока

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини Грција дека ги окупира островите во Егејското Море кои имаат демилитаризиран статус, заканувајќи се дека Анкара е подготвена да го направи „тоа што е потребно“ кога ќе дојде време.

Турција и Грција не се согласуваат за голем број прашања, а Анкара неодамна ја обвини Атина за вооружување на демилитаризираните острови во Егејското Море, што Атина го негираше.

– Вашата окупација на островот не е наша грижа. Кога ќе дојде време, час, ќе го направиме тоа што е потребно – рече Ердоган и пренесе Ројтерс.

Тој ја потсети Грција на историјата.

-Ја препорачувам Грција да погледне во историјата. Ако Атина отиде предалеку, цената ќе биде висока. Имаме една работа да и кажеме на Грција, а тоа е да се потсетиме на Измир – рече Ердоган при посетата на северната провинција Самсун.

Измир е провинција на западниот брег на Егејското Море на Турција, позната и по тоа што грчките сили биле протерани од тоа место од турските сили.