Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лаен вчера дознала дека нејзиното пони Доли е убиено од волк на нејзиниот имот во близина на Хановер.
Локалниот градоначалник го обвинил државното Министерство за животна средина за инцидентот, додека министерот ги повикал федералните власти во Берлин да ја поедностават процедурата за убивање волци кои премногу се доближуваат до луѓе или добиток.
„Целото семејство е страшно вознемирено од веста“, изјавил за медиумите портпаролот на Фон дер Лаен. Сопругот на претседателката на Европската комисија го открил убиеното коњче наутро – пренесува RT.
Фон дер Лаен поседува имот во близина на Хановер каде што чува коњи и ждребиња со децении.
Таа е претседател на Европската комисија од 2019 година. Пред тоа, таа беше министерка во сојузната влада речиси 15 години.