Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер го погоди Крит

Утринава во 6 часот и 13 минути силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит, а најмногу се почувствувал во неговиот источен дел.

Според првите резултати од мерењето, земјотресот бил со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил плиток, на 10 километри под површината.

Земјотресот е забележан од многу сеизмолошки станици низ Европа и светот, а според првите проекции не се очекува да предизвика поголеми материјални штети.