Нови „изгор“ сметки за парно – Владата нема да субвенционриа додека БЕГ и ЕСМ не се ги порамнат сметките

Владата вети, субвенциите ги нема, но има пари во буџетот со услов од владата. Прво БЕГ да си ги подмири долговите и да си ги порамни сметките со државната ЕСМ, а потоа државата ќе ги исплати разликите за субвенции.

Ова е одговорот на владата преку министерот за економија Кресник Бектеши. Компанијата БЕГ пресметала 99,6 милиони денари неиспалтени субвенции, а и ЕСМ има финална пресметката за трошоците, но неофицијално заглавила пресметката на Скопје- Север, компанија која е во стечјана постапка. Пресметките треба да ги провери и прифати владата и да ги префрли парите на посебна сметка на државната ЕСМ која го превзема и го регулира транспортот на топлинска енергија.

БЕГ, Скопје – Север и ЕСМ – енергетика чекаат владини пари за субвенционирањето на сметките на крајните потрошувачи. Последната одлука на Владата истекува заклучно април, но со прогласувањето кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Град Скопје, одлуката за минатата грејна сеозна продолжува да важи иако и за овааа правна дилема нема јасен одговор од владата.

Граѓаните се збунети и веќе ги плаќаат сметките за месец Август откако ги добија малку порано.  БЕГ си ги побара парите  а се правда дека  изготвувањето на сметките е редовна пракса.

Синоќешниот апел на регулаторите е БЕГ веднаш да ги повлече и сторнира сметките за месец август за сите корисници и да изготви нови во кои ќе бидат пресметани државните субвенции и да го вкалкулира последното покачување на цената одобрено до регулаторите во висина од 14 отсто.

За граѓаните пак кои веќе ги платиле сметките, сумата ќе се одбива во наредните месеци, вели министерот Бектеши во последното ветување.

Но нема јасен одговор дали БЕГ брзаше да си наплати за Август бидејќи повеќе од извесно е дека обврската за дистрибуција на топлинската енергија ќе ја превземе државната ЕСМ која веќе формираше три компании дистрибуција, производство и снабдување.

Државата за минатата сезона исплати 360 милиони денари финансиска инјекција за трите компании за производство на топлинска енергија на сметка на ЕСМ која го мониторираше финансиското работење, а парите од буџетот се потрошија за набавка на газ, мазут и други основни трошоци.