Лидерски самит и македонска вечер во рамки на Отворен Балкан во Белград

Лидерски самит на претседателот Србија Александар Вучиќ и на премиерите на Македонија и на Албанија – Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и македонска вечер, чиј домаќин е македонскиот премиер, ќе се одржат денеска во рамки на иницијативата Отврен Балкан, што втор ден се одржува во Белград.

Во Палата Србија ќе се одржи политичкиот дел од Самитот Отворен Балкан, по кој српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот и албанскиот премиер ќе одржат прес-конференција.

На него ќе присуствуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

Самитот ќе започне со пленарен состанок на министрите за надворешни работи на Србија и Албанија и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Предвидени се состаноци на лидерите со Инвестицијската иницијатива на ОБ, подржано од Атланскиот совет, сотанок на групата за менаџирање на кризи за храна и енергетика и потпишуање на повеќе билатерални документи и меорандуми.

Македонската влада во понеделникот усвои повеќе извештаи за завршени преговори и утврдени текст-документи во рамки на регионалната иницијатива „Отворен Балкан”, а кои ќе бидат финиширани за време на посетата на владината делегација во Белград.

Усвоен е Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан и беше прифатен текстот на Договорот, беше прифатен и Извештајот за завршени преговори со усогласен текст на Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности во Западен Балкан, усвоена е и Информација за усвојување на Оперативен План во областа на цивилната заштита помеѓу овие три земји во рамките на Иницијативата „Отворен Балкан”.

Вечер, на 2 септември, премиерот Димитар Ковачевски пред претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија ќе приреди Македонска вечер, на која ќе се промовираат македонски вина, храна, музика и туризам, а за музичкиот дел е задолжен виртуозот Влатко Стефановски.