Шолц порача: Германија ќе ја преживее зимата и без рускиот гас

Германија веројатно ќе ја преживее зимата без криза дури и ако запре испораките на руски гас.

Ваква изјава денеска даде канцеларот на Германија Олаф Шолц, додавајќи дека земјата би можела да ги искористи своите резерви на гас и да добие повеќе испораки од Норвешка или Холандија.

„Владата презеде рани мерки на претпазливост против таква криза со полнење на складишта за гас и изградба на терминали за течен природен гас“ – порача Шолц на митингот во градското собрание на Есен.

„Дури и да се стегне, веројатно ќе ја преживееме зимата“ – поочи тој.